Достапни линкови

Претседателот на Ингушетија тешко ранет


Јунуз Бек Јевкуров - Претседател на Ингушетија

Јунуз Бек Јевкуров - Претседател на Ингушетија

Претседателот на руската република Ингушетија Јунуз Бек Јевкуров е тешко ранет во експлозија кога неговиот конвој се движел во близина на главниот град Назран. Тој е хоспитализаран и бил во критична состојба. Рускиот Претседател Дмитриј Медведев изјави

,,Претседателот на Ингушетија многу направи во последно време за воспоставување на редот и мирот во Републиката. Тоа на бандитите не им се допаѓа и секако тоа што се случува е резултат на тие активности на зголемената моќ на властите во сите насоки,,.

Медведев изјави и дека ке испрати специјален пратеник, кој за извесно време ке ги преставува федералните власти во Ингушетија со цел активностите за ред и мир да продолжат. Како што јави Итар – тасс во нападот загинале помалиот брат на Јевкуров тројца бодигарди на Претседателот, а петмина бодигарди беа повредни. Според некои извештаи нападот е дело на бомбаш самоубиец. Претседателот Јевкуров е еден од официјалните лица ранети во напади во Ингушетија во изминативе три недели.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG