Достапни линкови

Претседателот на Ингушетија тешко ранет


Претседателот на руската република Ингушетија Јунуз Бек Јевкуров е тешко ранет во експлозија кога неговиот конвој се движел во близина на главниот град Назран. Тој е хоспитализаран и бил во критична состојба. Како што јави Итар – тасс во нападот загинале тројца бодигарди на Претседателот. Претседателот Јевкуров е еден од официјалните лица ранети во напади во Ингушетија во изминативе три недели.
XS
SM
MD
LG