Достапни линкови

Нерегуларности во Иран имаше но...


Иранскиот Заштитен Совет највисокото законодавно тело соопшти дека имало нерегуларности на претседателските избори. Портпаролот Абас Али Кадходаеи изјави дека во 50 градови преброените гласови биле повеке од регистрираните гласачи. Тој за иранската телевизија рече дека станува збор за три милони спорни гласови кои пак не влијаеле врз конечниот исход на гласањето на кое победи актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџат. Опозициониот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави ги повика неговите подржувачи да ги продолжат протестите против ре изборот на Махмуд Ахмадинеџат.
XS
SM
MD
LG