Достапни линкови

Со отворањето на ликовната изложба Моделот како Матрикс и Метафор од збратимениот Нинберг во Музеј на Град Скопје и со изведбата на операта Плаштот од Пучини на отворената сцена на плоштадот Македонија, синоќа беше отворено 30-то јубилејно издание на манифестацијата Скопско лето.

Концерти, театарски претстави, ликовни перформанси, музичко сценски дела со домашни и странски уметници ќе го одбележат и јубилејното 30 -то издание на летната културна манифестација Скопско лето, кое традиционално започнува на 21 јуни – Светскиот ден на музиката и се одвива до 31 јули. Во тие 40-тина дена посветени на новото промовирање на урбаната уметност, на безмалку 30-тина локации низ главниот град и околината од кои повеќе на отворено, учество ќе земат околу 2.000 уметници од земјава и од 15 земји од
Годинава Скопско лето нуди 72 програмски термини, односно проекти. Во рамки на кои секако примарното место го има музиката
светот.

,,Годинава Скопско лето нуди 72 програмски термини, односно проекти. Во рамки на кои секако примарното место го има музиката."

истакнува Никола Глигоров, првиот човек на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Притоа организаторите како особено атрактивни ги издвојуваат настапите на домашните изведувачи како Драган Даутовски кој својот проект Скришно место ќе го одржи на 1 јули на сцената на Марков манастир, легендарната певица Вања Лазарова и групата НАВ, Мерсиха Шукри и нејзината харфа, Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, етно составот МОНИСТРА кој ќе музицира во Куршумли ан и особено настапот на нашиот пијанистички виртуоз Симон Трпчевски, кој по извонредните пројави на светските сцени, со овој концерт во МОБ на кој ќе настапи со своите пријатели не само што има намера да го збогати значајниот јубилеј туку и на овој начин да и се одолжи на манифестацијата во промовирањето на неговата уметност. Инаку, во организација на неговата овдешна продуцентска куќа КУЛТУРОП со нивниот Младински оркестар ќе настапи извонредниот диригент Илич Ривас од Венецуела, а со особено внимание се очекуваат и концертите на оперската певица Дешире Мехмети и електронскиот перформанс на Сара Вотс од Велика Британија.

На 2 јули е планирано да се одржи премиерата на пиесата Маркиза од Оскар Вајлд на Ѕвезда Ангеловска, ден потоа и мултимедијалниот музичко сценски проект Цар Едип од Софокле во режија на Златко Славенски и изведба на актерот Ѓорѓи Јолевски, следниот ден следува и првичната изведба на балетот Кармина Бурана во продукција на МОБ, а на 13 јули конечно во Скопје ќе биде прикажана Тапани во ноќта на Мартин Кочовски и Прилепскиот театар Војдан Чернодрински, најдобрата претставата од минатогодишната продукција и проектот кој зад себе има бројни меѓународни награди и признанија.
На манифестацијата ќе бидат промовирани и неколку книги од авторите како Александар Станковски, Љубомир Грбевски и Владимир Плавевски, наедно ќе се одвиваат и претставите во кафе-киното, а како особено значајни се потенцираат проектот Разоткривање на патеката на културата и ликовниот перформанс Градот убав пак ќе никне.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG