Достапни линкови

Нови случаи на свински грип во Турција и Грција


Турција потврди неколку нови случаи на новиот грип од типот А, попознат како свински грип, со што бројот на заболените во земјата достигна 23 лица. Министерството прецизираше дека 22 лицa, од кои осум странски државјани и 14 турски државјани, кои патувале во странство се заразени со вирусот. Во Грција, пак, бројот на заболени од свинскиот грип достигна 39 лица, соопшти грчкото Министерство за здравство. Деновиве вирусот беше откриен кај уште четири лица, тројца возрасни и едно 11-годишно дете. Двајца од нив недоамна се вратиле од САД, а другите имале контакт со веќе регистрирани носители на вирусот.Инаку Светската Здравствена Организација прогласи пандемија на грипот.
XS
SM
MD
LG