Достапни линкови

Иницијатива за нови енергетски проекти во земјите од западен Балкан


Српскиот претседател Борис Тадиќ предложи покревање заедничка иницијатива за нови енергетски проекти во земјите од западен Балкан, со цел забрзување на пристапот кон Европската Унија. Во изјава за дневниот весник „Политика“ Тадиќ вели дека предлогот за заедничката иницијатива го презентирал на минатонеделниот самит на кој присуствуваа 14 централноевропски земји. Српскиот претседател смета дека земјите од Балканот се најкраткиот пат за гасовод кој ги поврзува Азија и Европа. Тадиќ апелираше до владите во регионот да вложат напори за нивните земји да станат што поатрактивни.
XS
SM
MD
LG