Достапни линкови

Деветнаесетмина загинати во Техеран


Бројот на загинати во вчерашните протести во Техеран, главниот град на Иран, се искачи на 19 лица, соопштија болнички извори за медиумите. Претходно иранската државна телевизија официјално соопшти дека во во судири на полицијата со, како што ги нарече, „терористите“ загинале 13 лица а повеќе од стотина се повредени. За сега не се знае дали и денеска ќе се организираат протести на приврзаниците на опозицијата. Шефот на полицијата испрати писмо до поразениот опозициски претседателски кандидат Мир Хоусеин Мусави во кое предупредува дека полицијата нема да толерира нови протести.
XS
SM
MD
LG