Достапни линкови

Утре продолжуваат преговорите за името


По четиримесечна пауза, утре во Женева продолжуваат македонско-грчките разговори со посредство на Обединетите Нации за спорот околу името. Медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, по што на 6 јули доаѓа во Скопје, а два дена подоцна патува за Атина. Нема официјална најава дали Нимиц ќе изнесе нов предлог или ќе се разработува неговиот „сет идеи“ од последната рунда разговори на 11 февруари во Њујорк, во кој според грчките и македонските медиуми, како можно решение беше посочено името „Северна Македонија“.
XS
SM
MD
LG