Достапни линкови

logo-print

Франција нов европски шампион во кошарка


Женската селекција на Франција по вторпат во својата историја стана европски шампион во кошарка, откако синоќа во Рига во финалето на 32-то ЕП ја победија Русија со 57:53. Франција во одделни моменти од финалето водеше и со 19 поени разлика, но сепак во драматична завршница стигна до победата. Во борбата за бронзениот медал Шпанија триумфираше против Белорусија со 63:56.
Грција ја освои петтата позиција откако со 60:56 ја совлада Италија, а во дуелот за седмото место домаќинот Летонија со 67:59 триумфираше над Словачка.
XS
SM
MD
LG