Достапни линкови

Иранските власти уапсија членови на опозициска група


Иранските власти уапсија членови на опозициска група, под обвинение за „терористички активности“. Членовите на групата Мујахиден Кхалк се обвинети за палење автобуси и уништување на јавен имот. Во извештајот на иранската државна телевизија, активностите на упасените не се поврзуваат со протестите на приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави. Како што јави државниот медиум, припадниците на Мујахиден Кхалк биле обучени во соседен Ирак а нивните активности биле координирани од, како што се наведува во извештајот, „собата за операции“ во Велика Британија. За сега нема подетални информации колкумина биле уапсени.
XS
SM
MD
LG