Достапни линкови

logo-print

Ерменска делегација откажа официјална посета на Иран


Ерменска парламентарна делегација откажа долгопланирана официјална посета на Иран. Шефот на делегацијата Ховик Абрахамиан изјави дека патувањето било откажано по барање на иранските власти. Денеска во Иран полицијата со солзавец ги растури протестите на илјадници приврзаници на опозицијата. Државната телевизија јави дека две лица загинале а осуммина се повредени во експлозија на бомба. Информацијата се уште не е официјално потврдена. Властите во Иран им забрануваат на странските медиуми да известуваат за настаните во земјата без официјално одборение.
XS
SM
MD
LG