Достапни линкови

Експлозија на бомба во Техеран


Иранските медиуми јавуваат дека бомба експлодирала во Техеран во мазолеумот на лидерот на Иранската револуција Ајатолах Рухолах Кхоменеи. Новинската агенција Мер, повикувајки се на полициски извори, пренесува дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец. Агенцијата јавува дека едно лице е повредено во инцидентот. Државната Прес ТВ јави дека во експлозија на бомба две лица заггинале а осуммина се повредени, но не покажа снимки ни фотограграфии од местото на настанот. Експлозијата се случи додека иранската полиција ги разбиваше протестите на приврзаниците на опозицијата. Според изјави на очевидци, полицијата користела солзавец и водени топови со цел да го растури протестот на илјадници приврзаници на реформистите, кои се собраа на три локации во главниот град на земјата. Властите и понатаму ги спречуваат странските медиуми да известуваат од местото на настанот.
XS
SM
MD
LG