Достапни линкови

Полицијата ги разби протестите во Иран ?


Иранската полиција ги разби денешните протести во Техеран, тврдат очевидци за Радио Фрада. Според се уште непотврдени информации илјадниците граѓани кои денеска се собраа на протести на три локации во главниот град на Иран биле нападнати од полицијата која употребила солзавец. Иранската „Прес ТВ“ јави дека две експлозии одекнале во Техеран. Странските медиуми и понатаму се спречени од известување за настаните во земјата. Американската телевизија „Си Ен Ен“ добила официјално писмо од властите во Иран, преку кое им се забранува известување за настаните во земјата без претходно одобрение. Во петокот врховниот лидер Ајатолах Али Каменеи дека опозицијата ќе одговара за илегалните протести.
XS
SM
MD
LG