Достапни линкови

Иран пред пребројување на дел од гласовите?


Иранската државна телевизија соопшти дека Советот на чуварите на исламската револуција изразил подготвеност за пребројување на 10 проценти од гласовите на претседателските избори.

Иранската државна телевизија соопшти дека Советот на чуварите на исламската револуција денеска изразил подготвеност за пребројување на гласовите од 10 проценти од избирачките кутии од претседателските избори. На седницата на највисокото тело во Иран, како што јавуваат агенциите, не учествувале поразените кандидати Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби, кои заедно со Мохсен Резаи поднесоа приговори за изборен фалсификат. Во меѓувреме, неизвесно е дали ќе продолжат демонстрациите во Техеран. Еден од советниците на кандидатот Каруби изјави дека најавените денешни протести не биле откажани. Од друга страна дел од верските лидери кои помагаат во организирањето на протестите велат дека протести нема да има. Претходно, иранскиот Совет за безбедност уште еднаш го предупреди поразениот кандидат Мир Хосеин Мусави дека ќе биде одговорен за последиците доколку неговите
Нема да бидеме користени како политичко средство во расправата меѓу иранците во Иран. Има многу луѓе во иранското раководство кои би сакале Соединетите држави да бидат вклучени и со тоа да ги вратиме старите приказни..
приврзаници ги продолжат протестите. До предупредувањето дојде ден откако иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хамнеи изјави дека на фер изборите победил претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Хамнеи побара од приврзаниците на Мусави да ги прекинат протестите, предупредувајќи ги организаторите дека ќе бидат одговорни за секое натамошно крвопролевање.

,,Борењето на улица по изборите не е она што ни треба сега. Но, исто така со тоа се предизвикуваат принципите на демократијата. Молам тоа да биде запрено. Ако тие не ги прекинат протестите тогаш ќе сносат одговорност за последиците од тој хаос.,,

Државните медиуми јавуваат дека во досегашните протести загинале осум лица. Се уште не е јасно дали следбениците на Мусави ќе протестираат и денеска. По говорот на Хамнеи, американската Бела Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама го осудува насилството спроведено од безбедносите сили и верува дека на иранците ќе им биде дозволено слободно да протестираат.

,,Нема да бидеме користени како политичко средство во расправата меѓу иранците во Иран. Има многу луѓе во иранското раководство кои би сакале ние да бидеме вклучени и со тоа да ги вратат старите приказни. Тоа нема да го направиме.,,

Изјави портпарол на Белата Куќа Роберт Гибс, наведувајќи дека американскиот претседател намерно не сака да заземе страна во Иран. Во синоќешното интервју за телевизиската мрежа Си Би Ес, претседателот Обама изјави дека Соединетите држави се за оние во Иран што правдата ја бараат на мирен начин.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG