Достапни линкови

Обама: САД се со оние што правдата во Иран ја бараат по мирен пат


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави се со оние во Иран што правдата ја бараат по мирен пат. Тоа Обама го изјави во интервју за телевизиската мрежа Си Би Ес Нјуз, на прашањето дали има некаква порака до иранските демонстранти кои ги оспоруваат резултатите од претседателските избори на кои победи Махмуд Ахмадинеџад. Претседателот Обама е критикуван во својата земја поради, како што се наведува, премногу претпазливиот пристап кон иранските случувања.
XS
SM
MD
LG