Достапни линкови

logo-print

Канадско државјанство за муслиманскиот лидер Ага Кан


Парламентот на Канада му одобри почесно канадско државјанство на принцот Ага Кан за неговата улога за развојот на толеранцијата во светот. Седумдесет и две годишниот Ага Кан е духовен лидер на шиитските муслимани, заедница од петнаесет милиони луѓе кои живеат во дваесет и пет држави во светот. Почесно канадско државјанство досега имаат добиено лидерот на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Ки, претседателот на јужна Африка Нелсон Мандела, духовниот лидер на тибетските будести Далај Лама и шведскиот дипломат Раул Валенберг кој им помогнал на илјадници евреи за време на Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG