Достапни линкови

Заседава иранскиот Совет на чуварите на исламската револуција


Највисокото законодавно тело на Иран денеска одржува седница за ситуацијата во земјата по претседателските избори. Советот на чуварите на исламската револуција ќе ги разгледа приговорите од тројцата кандидати: Мирхосеин Мусави, Мехди Каруби и Мохсен Резаи кои тврдат дека изборите што се одржаа на 12 ти овој месец биле фалсификувани. Вчера врховниот верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека на фер изборите победил претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Тој побара од приврзаниците на Мусави да ги прекинат протестите, предупредувајќи ги организаторите дека ќе бидат одговорни за евентуалното крвопролевање.
XS
SM
MD
LG