Достапни линкови

logo-print

Атрактивна населба на местото на касарната во Битола


Битола

Битола

Битолските градски власти соопштија дека на местото на битолската касарна ќе ,,никне" мал град во кој ќе има место за станови, универзитет, училиште, трговски центри и црква

Во битолската касарна во иднина ќе никне атрактивна населба, соопштија градските власти. Откако Министерството за одбрана донесе одлука да не ги користи земјиштето и објектите од некогашната касарна, сега тие ќе се пренаменат согаласно потребите на општината. Ова е дозволено со измените во Законот за просторно и урбанистичко планирање според кои пренамената може да се направи без измена на генералниот, туку само со детален урбанистички план. Битолската касарна е со површина од 98 хектари и на атрактивна локација. За
Имаме дел предвиден за Универзитетот, односно за Ректоратот, за полициската станица, противпожарната служба. Имаме одредено исто така пунктови за трговски центри, за домување, за згради, за куќи. Таму има простор за нови училишта, градинки, црква. Се до горниот дел под Тумбе кафе и од тука кон врвот за една исклучително ексклузивна зона. Мислам дека тука ќе се направи еден мал град
неа локалната власт има големи планови.

,,Имаме дел предвиден за Универзитетот, односно за Ректоратот, за полициската станица, противпожарната служба. Имаме одредено исто така пунктови за трговски центри, за домување, за згради, за куќи. Таму има простор за нови училишта, градинки, црква. Се до горниот дел под Тумбе кафе и од тука кон врвот за една исклучително ексклузивна зона. Мислам дека тука ќе се направи еден мал град"

изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Во старата касарна ќе се дозволи во добар дел од новите градби да инвестираат приватни изнвеститори. Постоечките објекти, барем оние посочуваните се очекува да ги решат кираџиските проблеми на некои јавни притпријатија во градот.

,,Онаму каде што ќе има услови веќе ќе почнуваат да влегуваат инвестиции. Има доста слободни површини кои се предвидени за нови градби. Разговаравме и за можноста сите јавни површини логички а ги преземи општината. Целата инфраструктура во тој простор исто така да ја преземи општината, и се разбира неколку објекти кои ќе им бидат потребни на општината. Дел од нашите јавни претпријатија се сместени во објекти каде што плаќаат ќирија. Општината сега ќе се обиде да добие објекти во кои ќе ги смести овие претпријатија за да не плаќаат ќирија и со тоа финансиски ќе им помогне-"

вели Талески.

Во битолската касарна нема војска повеќе од три години согласно реформите што ги налагаше НАТО. Општината за цело ова време се обидуваше преку процесот на децентрализација во свое владение да го добие тој простор. Во меѓувреме дел од површините се запуштија, на некои од објектите се руинираа.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG