Достапни линкови

Миклош Маршал, регионален директор за Европа и Централна Азија на Транспаренси Интернешнл


Миклош Маршал, регионален директор на Транспаренси Интернешнл

Миклош Маршал, регионален директор на Транспаренси Интернешнл

Господине Маршал, според последните податоци на Транспаренси Интернешенел Македонија е најмногу корумпирана во судствотот. Корупцијата е генерален проблем во регионот и во Европа или пак само некои земји се во ваква специфична ситуација?

Тоа секако е сигнал дека има сериозни проблеми во судскиот сектор во однос на другите сектори. Според Македонците судството е најкорумпирано.Тоа е нешто поразлично во однос на искуството на другите земји на пример од Европската Унија, каде што политичките партии според луѓето се посочени како најкорумпирани институции. Фактот дека во Македонија и во некои други земји од регионот на Југоисточна Европа , некои од основните сектори и институции како судството, полицијата или здравствениот сектор се индентификувани како најкорумпирани институции го истакнува фактот дека во овој регион сеуште има фундаментални проблеми кои треба да се решат. Тоа е јавната администрација пред се но исто така и судството. Така што, постои разлика, особена ситуација е тоа што во овој регион судството беше посочено како најкорумпирана институција. Ова е преглед кој ние го правиме и го рефлектира мислењето на луѓето. Не е експертско мислење, туку е мислење на луѓето, кои секако имаат искуство со судот и со адвокатските правни агенции и тие имаат многу ниско мислење за ефикасноста во судскиот секотор и тоа е навистина уникатно.
Miklosh Marshal

Што значи тоа кога го имате судството како најкорумпирана област во општеството?

За жал тоа има многу негативно влијание во општеството затоа што како што знаеме, во секоја пазарна економија засилувањето на владеењето на правото е основно. Ако нема владеење на правото и без компетентен судски сектор, пазарната економија не може добро да функционира. Мислам дека тоа е еден голем проблем со кој се сочува оваа и останатите земји во регионот што во пазарната економија вие имате многу договори кои што треб ада се унапредат, има многу недоразбирања околу кои е потребно да имате добри институции а тоа е судскиот систем кој ќе ги решава овие проблеми. Ако немата добри инситуции тогаш се соочувате со многу длабок проблем и тогаш прибегнувате кон алтернативни методи, тогаш ги поттикнувате приватните групи да ги спроведуваат вашите интереси, тогаш влегувате во сива економија којашто има многу лошо кумулативно влијание на економијата и ина општествениот живот. Токму затоа од круцијално знечење е секоја антикорупциска реформа да започне од судскиот сектор.

Има ли и други консеквенци освен во економијата?

Се разбира, ако луѓето имаат искуство дека судовите не функционираат добро и не можете да имате пристап до фер и добар процес тоа има големо влијание на општетството исто така. Ако имате искуство дека треба да платите поткуп за да имате фер третман, мислам дека тоа има длабоку последици за општеството.

Но во Македонија, ако го видовте овогодинешниот извештај, тој покажува висока доверба на граѓаните во борбата на Владата против корупцијата. Како го коментирате тоа? Што значи тоа?

Мислам дека тоа е добра знак. Интересно е дека перцепцијата на јавноста за Владата во Македонија е многу добра, така што поради различни причини, народот мисли дека Владата била прилично ефикасна во нејзината борба против корупцијата. Тоа е прилично позитивен резултат и и дава кредит на Владата затоа што ова е прилично поинаку во псоредба со искуствата од другите држави. Обично, вклучувајќи ги и земјите од Европската Унија, луѓето се многу скептични по однос на потезите на Владата во поглед на антикорупциските стратегии и единствена или една од малкуте забележани податоци каде што луѓето имаат добро мислење за напорите на Владата е Македонија, така што тоа дефинитивно е добра вест. Се разбира, не мислам дека Владата има какви и да е причини да слави затоа што ова позитивно мислење може да исчезне многу брзо ако Владата не ги продолжи напорите да ги спроведе понатамошните реформи. Сепак мислам дека е нешто што треба да се почитува тоа што Владата е перцепирана како цврста, посветена и ефикасна во антикорупциските реформи.

Постои ли каква и да е можност, во сите овие држави не само во Македонија, Владите да манипулираат на каков и да е начин со борбата против корупцијата?

Ова е многу добро прашање, бидејќи борбата против корупцијата е многу скапа „стока“ на „политичкиот пазар“, таа се продава многу добро. Токму затоа ја гледаме корупцијата како главна тема во многу предизборни кампањи во многу држави. Во политиката коруоцијата се користи како тема со популистички цели. Така што, таа опасност постои. Не велам дека сум видел какви и да се слични обиди овде. Како некој што набљудува од надвор јас морам да изразам доверба кон Владата бидејќи според многу меѓународни рејтинзи и рангирања, Македонија има направено одреден напредок, нема сомнеж околу тоа. Гчедано од надвор, направен е напредок, нема сомнеж но како што претходно кажав нема причина да се слави, има уште многу на што сеуште треба да се работи.

Каде се наоѓа Македонија ако ја споердите со останатите земји во регионот на ЈИЕ?

Би рекол дека има одредени добри вести што се однесува до Македонија затоа што таа е рангирана како 72-ра меѓу 185 земји на листата. Ккао што знаете Транспаренси интернешанал го објавува својот индекс на перцепција на корупцијата секоја година и Македонија доби резултат од 3,6 на скалата од 0 до 10 што не е добро како резултат но кога ќе направиме споредба со оценката за соседните земји. Особено Романија или Бугарија, тогаш би можел да кажам дека Македонија не стои толку лошо. Мислам дека е подобра од сите останати, подобра е од Србија, Албанија или Црна Гора и Босна и Херцеговина и нејзиниот резултат се приближува кон Романи и Бугарија кои веќе се членки на Европската Унија. Така што, има причини за одреден умерен оптимизам овде.

Имате некакви препораки за Македонија?

Не мислам дека Македонија е многу специфична по нешто. Ниту една земја не е посебна кога станува збор за борбата против корупцијата. Мислам дека она што земјата треба да го направи е она што го некои други земји го направиле успешно а тоа е да се направи таа бизнис клима уште по пријатна, да се осовремени јавната администрација за да го направи функционирањето на бизнисите полесно. Мислам дека тоа е суштинско во борбата против корупцијата. Наместо многу специфични подрачја на активност кои имаат за цел многу мали области на реформите, антикорупциската реформа треба секогаш да оди рака под рака со макроекономските и социјалните реформи. Ако има демократија, ако има слободни медиуми, ако бизнис климата е слободна и привлекува, тогаш мислам дека и корупцијата ќе се намали. Корупцијата никогаш нема да биде елиминирана, но ќе биде доведена на едно многу поприфатливо ниво.

Имате ли некава комуникација со државните антикорупциски органи во змејава? Имате ли сознанија како тие функционираат? Што е тоа во принци нив ги дефинира како успешни?

Транспаренси интеренешанал како организација соработува со владите и она што мислам дека специјализираните антикорупциски тела во Владата треба да прават е подобро да се координираат во својата работа, потоа треба да соработуваат со оние кои се задолжени за економски и за социјални реформи. Даночниот систем е апсолутно најважен во борбата против корупцијата, така што мојот совет, базиран на моето искуство во Европа е дека добрата економска политика, отворен демократски пристап кон политичката дебата, слободни медиуми и партнесрки однос со граѓанското општетство, тоа се суштинските компоненти на успешната борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG