Достапни линкови

Критериумите за датум за преговори со ЕУ се уште не се исполнети


Критеримите за добивање датум за преговори се уште не се исполнети, а Македонија има 3 месеци да вложи дополнителни реформски напори ако сака на 14. октомври во редовниот извештај на Комисијата да добие датум за преговори. Ова како што јавува дописникот на А1 од Брисел било речено на Мешовитиот комитет за примена на спогодбата за асоцијација и стаблизација.Брисел не бил задоволен од партизираноста на јавната администрација.Се уште се чека и на донесувањето на законот за внатрешни работи. Дополнителни напори се бараат и за спроведувањето на судските реформи, борбата против корупцијата, законот за јазици. На состанокот било повторено дека Македонија треба да се фокусира на одржување добрососедски односи со јужниот сосед.
XS
SM
MD
LG