Достапни линкови

Судството најкорумпирано


Логото на Транспаренси Интернешнл

Логото на Транспаренси Интернешнл

Според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл судството е најкорумпирана област во македонското општество. Според аналитичарите, без независно судство тешко ќе се дојде до странски инвестиции

Последните податоци на транспаренси интернешанал за индексот на перцепција на корупцијата го издвоија судствот како најкорумпирана област во македонското општетсво. Упатените велат дека овој податок упатува на тоа дека во општеството постојат
Ако нема владеење на правото и без компетентен судски сектор, пазарната економија не може добро да функционира. Ако немата добри инситуции тогаш се соочувате со многу длабок проблем и тогаш прибегнувате кон алтернативни методи, тогаш ги поттикнувате приватните групи да ги спроведуваат вашите интереси, тогаш влегувате во сива економија којашто има многу лошо кумулативно влијание на економијата и ина општествениот живот
фундаментални проблеми кои се сеуште нерешени. Од друга страна, економијата која не може да излезе од длабоките транзициони проблеми е првата на удар на проблемите со стабилноста на правниот систем во земјата.

„За жал тоа има многу негативно влијание во општеството затоа што како што знаеме, во секоја пазарна економија засилувањето на владеењето на правото е основно. Ако нема владеење на правото и без компетентен судски сектор, пазарната економија не може добро да функционира. Ако немата добри инситуции тогаш се соочувате со многу длабок проблем и тогаш прибегнувате кон алтернативни методи, тогаш ги поттикнувате приватните групи да ги спроведуваат вашите интереси, тогаш влегувате во сива економија којашто има многу лошо кумулативно влијание на економијата и ина општествениот живот. Токму затоа од круцијално знечење е секоја антикорупциска реформа да започне од судскиот сектор.“

изјави регионалниот директор на Транспаренси Интернешнл за Европа и централна Азија Миклош Машал во интервјуто за Рдио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.

Нерешени сопственички односи и спорни пресуди се дел од проблемите со кои се соочуваат инвеститорите кои решаваат да вложат или веќе вложиле во земјава што секако испраќа лоша порака за оние кои размислуваат за Македонија како за бизнис дестинација.

„Не може странскиот инвеститор да издржи овде да биде малтретиран со судските постапки, долготрајни, и влијанијата во судовите, на судиите од разни страни.“

вели аналитичарот Џевдет Хајредини. Неколку крупни примери зборуваат за ваквата сосотојба. Руската нафтена компанија „Лукоил“ при инвестирањето во македонија наиде на големи пречки да обезбеди документација која ќе ја гарантира стабилноста на нивниот имот.

Најсвеж пример е судската одлука ЕВН да и исплати 200 илјади евра на државната компанија ЕЛЕМ за ненаплатени побарувања. За Австријците ваквата одлука беше скандалозна особено поради тоа што како што рекоа судот не сакал да ги земе предвиднивните докази.Од раководството на компанијата во Виена објавија дека најновите нивни планирани инвестиции од 1,5 милијарди евра во земјава се на стенд бај.

Хајредини вели дека судовите во Македонија се сеуште под влијани на политиката и додава дека сеуште не постои силна политичка волја за драстична промена во стабилноста на правниот систем и незвисноста на судството па затоа овој проблем е редовно посочуван како еден од најгорливите во извештаите на Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG