Достапни линкови

Мир и трпение во Иран, повика Ајатолахот Хаменеи


Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи повика на мир и трпение по деновите протести на опозицијата против нерегуларностите на претседателските избори. Хаменеи, кој како врховен ирански лидер го има последниот збор во земјата се обрака на граѓаните за време на денешната петочна молитва. Хаменеи деновиве изјави дека иранците треба да ги прекинат демонстрациите и да застанат зад претседателот Махмуд Ахмадинеџат. Меѓутоа, приврзаниците на опозициониот кандидат Мир Хосеин Мусави ги игнорираа повиците и ги продолжуваат протестите.
XS
SM
MD
LG