Достапни линкови

Иран во очекување на ставот на верскиот лидер Хаменеи


Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи, за време на денешната петочна молитва, се очекува да зборува и за кризата во Иран по претседателските избори. Хаменеи деновиве изјави дека иранците треба да ги прекинат демонстрациите и да застанат зад претседателот Махмуд Ахмадинеџат. Меѓутоа, приврзаниците на опозициониот кандидат Мир Хосеин Мусави ги игнорираа повиците и ги продолжуваат протестите.
XS
SM
MD
LG