Достапни линкови

logo-print

Нови препукувања меѓу Љубљана и Загреб


Хрватска истапи од процесот за решавање на граничниот спор со Словенија, бидејќи не ги прифаќа измените, кои на предлог на европскиот комесар за проширување Оли Рен ги изнесе Словенија, изјави вчера во Брисел словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар. Тој по средбата со шефот на хрватската дипломатија Гордан Јандроковиќ и со Оли Рен, изрази жалење поради ваквиот чекор на Хрватска, истакнувајќи дека тоа е погрешниот пат. Јандроковиќ, пак, демантира дека Хрватска истапила од процесот што го води Рен, а чија цел е решавање на граничниот спор меѓу двете земји и деблокада на хрватските претпристапни преговори за влез во Европската унија. Тој нагласи дека Хрватска сака да стане членка на Европската унија, но оти нема намера да се откажува од дел од својата територија.
XS
SM
MD
LG