Достапни линкови

logo-print

Протести против владата на Летонија


Неколку илјади луѓе излегоа на улиците на главниот летонски град Рига барајќи оставка на владата која поради економската криза ги намали платите, пензиите и другите социјални примања на граѓаните. Летонските пратеници, за да добијат странски кредит, го намалија буџетот за милијарда долари и донесоа одлука пензиите да се намалат за 10 насто, а платите во јавната администрација за 20 проценти. Синдикалните лидери кои го организираат протестот ја повикаа владата да си поднесе оставка, а премиерот Валдис Домбровскис изјави дека Летонија ќе банкротира ако не добие кредит од ЕУ и ММФ.
XS
SM
MD
LG