Достапни линкови

Дипломатите во Лондон не плаќаат сообраќајни казни


Странските дипломати во Велика Британија и должат на државата околу 38 милиони евра за неплатени казни за непрописно паркирање и други сообраќајни прекршоци, соопшти британската влада. Во извештајот што го поднесе шефот на дипломатијата Дејвид Милибанд, американските дипломати се лидери во неплаќање и должат речиси 3 милиони долари за казни за влегување во центарот на Лондон. За влез во најпрометниот дел на градот во тек на работното време се наплатуваат по 8 долари. Американските дипломати од 2005-та година одбиваат да плаќаат, наведувајќи дека дипломатите се ослободени од таа казна.
XS
SM
MD
LG