Достапни линкови

Спорот со името се префрла на внатрешен план


Консултации за името на државниот врв
Консултации за името на државниот врв

Од меѓународен, спорот со името се повеќе прераснува во внатрешен проблем. Пропаднаа обидите за донесување единствена стратегија во Собранието за преговорите, во меѓувреме опозицијата ја обвинува власта дека го одолговлекува решението, а премиерот повика на ново единство.

Спорот со Грција од меѓународен прераснува се повеќе и во внатрешен проблем. Опозцијата ја обвинува власт дека се обидува на секаков начин што повеќе да го одоговлекува решавањето на прашањето за името, премеирот со апел за внимателност и ново единство. Пропаднаа обидите за единствена македонска позицијата и страгетија за пеговори околу името. По подолго инсистриање на ДУИ, албанците да бидат дел од преговарачкиот процес, за првпат нивен преставник учествува во креирањето нова преговрачката позиција за разрешување на разликите со јужниот сосед. Вицепремиерот за Рамковен договор Абдулаким Адеми ќе биде дел од државно - владиниот врв кој ќе ги дава инструкциите на амбасадорот Јолевски во разговорите меѓу Скопје и Атина.
Може да се земе како еден индикатор дека владиното мнозинство се подготвува да постигне, да изнајде едно решение за ова прашање и со вклучувањето на албанскиот партнер во оваа фаза


,,Може да се земе како еден индикатор дека владиното мнозинство се подготвува да постигне, да изнајде едно решение за ова прашање и со вклучувањето на албанскиот партнер во оваа фаза, сигурно дека се сака да се подели одговорноста, иако ќе беше подобро ова да се случеше порано и можеби ќе имавме и поголем консензус по ова прашање."

Вели аналитичарот Ибрахим Мехмети.
Пред редовните преговори со Метју Нимиц претседателот Иванов, привремено ги дистанцираше амбасадорите Димитар Мирчев и Ристо Никовски од советнички тим за надворешна политика. И двајцата во изминатиов период беа често присустни во јавноста со контроверзни сугестии или предлози. Мирчев беше против распишување на референдум, а Никовски промовираше нова референца како компромисно име - Република Македонија Вардар. Како се наближува новата рунда преговори така се по децидни се инсистирањата на премиерот Груевски и на луѓето од неговото опкружување дека за името мора да се оди на референдум. Евентуалното изјаснување на народот, според нашите соговорници е меч со две острици.

,,Не е потребно такви потреси да се прават кога политичките елити во Македонија би биле свесни за одговорност. Доволно е сериозен и искрен дијалог да постои во кој што сите ќе земат дел од вината за претходните ситуации."

,,Дали би излегле на референдум? Јас мислам дека би излегле на референдум, затоа што најголемиот дел од албанците во Македонија, сметаат дека е можно компромисно име, Северна Македонија, Нова Македонија..."

Изјавија поранешниот амбасадор Денко Малевски и Жидас Даскаловски од Центарот за креирање политики.
XS
SM
MD
LG