Достапни линкови

logo-print

Куманово не нуди забава за младите


Куманово

Куманово

На младите во Куманово им недостасува простор за културно искажување, спортување и содржински забавен живот. Преку музички хепенинг и јавна дебата, младите кумановчани оваа своја потреба им ја покажаа на општината и кумановската јавност.

Членовите на невладината организација Интеретник проект од Куманово преку јавна дебата и музички хепенинг деновиве во Куманово јавно ги презентираа нивните креативни способности. Со тоа тие и покажаа на кумановската јавност, но и на надлежните во општината дека им недостасува простор за културно искажување, за спортување и содржаен забавен живот. Младите волонтери на едно место ги собраа нивните средношколски врсници од сите етникуми кои живеат во оваа мултиетничка средина и преку пишување и цртање графити, ги побараа своите права, но и за надминување на сите меѓуетнички конфликти. Младите велат дека меѓу нив има многу
Ни требаат места за да можеме да си го исполниме нашето време и да го покажеме нашето хоби
таленти кои на овој начин сакаат да допрат до јавноста. Проектот е подржан од Европската комисија, а волонтерите велат дека нивното слободно време сакаат конструктивно да го исполнат.

,,Ни требаат места за да можеме да си го исполниме нашето време и да го покажеме нашето хоби."

,,На јавната дебата разговаравме за местата за излегување, но и дека немаме доволно простор за културното изразување."

Тие велат дека меѓу другото им недостасува:

,,Базен, нема кино каде што можеме да погледнеме некој добар филм, а градот е со сто илјади жители."

,,Ни недостига место за одржување свирки, за цртање графити, за фудбал."

Сепак тие успеале нивната програма да ја реализираат така што:
Базен, нема кино каде што можеме да погледнеме некој добар филм, а градот е со сто илјади жители


,,Се снајдовме така што конкретно во гимназијата организиравме свирка во спортската сала. Цртаме графити на напрописни места за што можеме да бидеме казнети. На овој начин сакаме да покажеме и бараме простор за сите наши потреби."

Задоволни ли се од реализираното до сега:

,,Задоволни сме. Супер."

Велат младите од Интеретник проектот од Куманово кои нивните заклучоци ги доставиле до надлежните во локалната смаоуправа, но и до повисоките инстанци во државава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG