Достапни линкови

Осудени припадници на српските „Шкорпиони“


Советот за воени злосторства на Окружниот суд на Белград денеска осуди четворица припадници на специјалната единица „Шкорпиони“, поради воени злосторства извршени во март 1999 година во косовскиот град Подуево. Судскиот совет ги осуди на 20 затвор Жељко Ѓукиќ, Драган Медиќ и Драган Боројевиќ, додека Миодраг Шолаја е осуден на 15 години затвор. Во пресудата се наведува дека осудените, како членови на специјалната единица на 28 март 1999 година, во дворот на семејството Гаши во Подуево стреале кон 19 жени и деца од албанска националност. Во нападот биле убиени 14 лица.
XS
SM
MD
LG