Достапни линкови

Протести во знак на жалост во Иран


Илјадници подржувачи на поразениот ирански претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави денеска се собраа на улиците во Техеран во знак на жалост за загинатите во пост - претседателските насилства во земјата. Мусави ги повика подржувачите да се соберат во џамиите за да им оддадат почит на седуммина загинати во немирите кои избија по претседателските избори во Иран. Властите и денеска ги спречуваат странските медиуми детално да известуваат од местото на настанот.
XS
SM
MD
LG