Достапни линкови

Превработеност во државната администрација


Министерот за финансии Трајко Славевски

Министерот за финансии Трајко Славевски

Со 120 илјади вработени во јавната администрација и 270 илјади пензионери голем дел од буџетот на Македонија оди за плати, наместо развој. Според експертите, тоа ја загушува економијата, а потребен е реформски рез.

Од 550 000 вработени во Македонија, околу 120 000 се во јавниот сектор што заедно со 270 000 пензионери чинат голема бројка којашто е на товар на државниот буџет а се заедно предизвикува огрома дискрепанца меѓу оние што работат и оние што се издржуваат од буџетот. Ова е основата на забелешките кои пристигнуваат постојано од страна на ЕУ дека јавната и државната администрација е
Ниту една политичка гарнитура не сака да направи радикален рез. Јас знам дека е непопуларно, но мора еднаш да се растерети јавниот сектор, затоа што економијата се загушува
предимензионирана и таа бројка кога тогаш ќе треба да се намали или поконкретно да се сведе на околу 70 000. Професорот Борче Давитковски препорачува да се постапува секторски и да се детектираат областите во кои постои превработеност.

Во образованието од 30 000 само 17 000 се вклучени во образовниот процес, Во здравството од 24 000 вработени , над 10 000 се административно технички помошен персонал. Проблемот е системски и треба волја за вистинска реформа, додава Давитковски.

„Ниту една политичка гарнитура не сака да направи радикален рез. Јас знам дека е непопуларно, но мора еднаш да се растерети јавниот сектор, затоа што економијата се загушува.“

Зграда на Владата на Република Македонија
Дури откако системски ќе се реши проблемот на обемната админситрација, ќе биде потребно и нејзино филтрирање за надминувањње на втората суштинакс азанебелешка која ддоаѓа од европските институции , нејзината партизираност. Генералниот секретар на агенцијата з адржавни службеници, Методија Димовски вели дека и сегашните законски норми овозможуваат селекција врз основа на квалитет.

„Целосно се вградени механизми и инструменти кои гарантираат дека може да се спроведе селекција која ќе ги исфрли на површината најдобрите кандидати.“

Со ова не се согласува профеосор Давитковски.

„Нема. Ние имаме систем на работни места, кога ќе се воведе систем на кариера е подруго тоа. Кај систем на работни места, кога ќе се смени власта, од многу низок чиновник може да стане многу висок чиновник.“

Системот на работни места кој се смета за покомпатибилен за земја во треназиција во политичките гарнитури го изиграа за партиски интереси, вели Давитковски. Токму затоа го препорачува системот на кариера.
XS
SM
MD
LG