Достапни линкови

Некои бизнисмени се обидуваат да ги покачат цените на прехрамбените производи поради поскапувањето на цената на нафтата. Според економистите, овие аргументи не држат, затоа што во споредба со лани цената на нафтата е намалена

Неоправдано е и не може да се очекува да поскапат основните животни потреби, поради зголемување на цените на на нафтата на светските берзи, во последниот месец, посочуваат дел од економистите. Цената на нафтата од март до сега порасна за околу 40 насто. Жито Лукс веќе го поскапе лебот, а дел од пекарниците велат дека со зголемување на цената на енергенсите им се зголемуваат и производствените трошоци.
Причина за покачување нема. Нафтата може да биде фактор, но да видиме какви беа движењата една година наназад. Колку беше лани цената на лебот ист тип на леб, да бил 22 денари, колку се движел, кога цената на нафтата била 149 долари цената на лебот била 22 денари, е сега стигна нафтата на почетокот на годината, на 38-40 долари. Дали паралелно со тоа се намали цената за 50 насто.

Директорот на пекарницата Специјал Горан Ѓорѓиевски вели дека производствените цени се драстично повисоки и покрај тоа што цената на пченицата сега е помала.

„Цената на нафтата е 70 долари за барел. Енергијата како ставка во производството на пекарските производи, верувале или не, многу повеќе учествува отколку брашното.“

Директорот на пекарницата „Лукс“ Дејан Спасков се согласува дека производствените трошоци се зголемени, но вели дека не планира да ја менува цената без разлика дали цената на нафтата ќе оди нагоре или надолу.

„Јас во најголемото намалување не го намалив лебот. Јас си ја терам истата цена од почетокот до сега. Мојот став е тој, не го намалувам и не го зголемувам, цената ми е таа. Имаше лебови по 12-13, а мојот се продаваше по 22 денари цело време.“

Според заводот за статистика, храната е поскапа во однос на минатата година за еден до два проценти. Граѓаните, сепак, велат дека цените се драстично зголемени.

„30 посто се качени цените од лани.“
„Прехрамбени продукти, леб, млеко, зејтин. Облеката е ефтина, но храната е многу скапа. Илјада денари вредат како сто.“
„Најлошо е што лебот го поскапуваат, денеска една цена, утре друга.“

Професор Томе Неновски вели дека поскапувањата на храната, поради поскапување на нафтата, се неоправдани зашто кога нафтата поефтини храната ги задржа истите цени. Тој не верува дека ќе дојде до голем бран на поскапување.

„Причина за покачување нема. Нафтата може да биде фактор, но да видиме какви беа движењата една година наназад. Колку беше лани цената на лебот ист тип на леб, да бил 22 денари, колку се движел, кога цената на нафтата била 149 долари цената на лебот била 22 денари, е сега стигна нафтата на почетокот на годината, на 38-40 долари. Дали паралелно со тоа се намали цената за 50 насто?“

Според заводот за статистика, цените на живот, во однос на истиот период минатата година, се зголемени само за 0,3 отсто.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG