Достапни линкови

logo-print

Уште еден обид на ЕУ лидерите за спас на Лисабонскиот договор


На самитот во Брисел се очекува да биде поддржана кандидатурата на Жозе Мануел Барозо и во наредните пет години да остане претседател на Европската комисија.

Лидерите на Европската унија се надеваат на дводневниот самит што попладнето почнува во Брисел да го спасат нивниот амбициозен договор за реформа на Унијата со тоа што на главниот противник Ирска, ќе и понудат проширени законски гаранции во врска со нејзиниот суверенитот. Тоа, според аналитичарите, е обид да се премислат ирските граѓани и да го поддржат Лисабонскиот договор за
институционално зацврстување на Унијата со што, како што се смета, ќе се интензивира нејзината улога на светската сцена. Ирските гласачи го отфрлија Лисабонскиот договор на референдумот, одржан пред една година. Тие страхуваат дека договорот го намалува нивниот национален суверенитет, особено кога станува збор за даноците, за работничките права, образовните стандарди, здравството. Шефот на ирската дипломатија Мајкл Мартин пред самитот изрази уверување дека членките на Унијата ќе ги усвојат таквите гаранции со што ќе се отвори патот за ново гласање за Лисабонскиот договор кое во Ирска би требало да се одржи наесен. Но, токму таквите
Треба да ставиме ред во нашата куќа во многу работи. Секако најважен е Лисабонскиот договор кој треба да биде ратификуван од сите земји членки со цел Европската унија да профункционира со целосен капацитет.
законски гаранции, за некои членки, како Британија, претставуваат минирање на главната цел на Лисабонскиот договор. Тие страхуваат дека со тоа може да се отвори расправа и во другите земји со што се поткопува главната идеја на проектот. Притоа се има предвид што Чешка која е актуелен претседавач на Унијата, и Полска одбиваат да го потпишат Лисабонскиот договор во очекување на резултатите од второто гласање во Ирска и германската ретификација која е задржана поради тоа што Договорот е пред Уставниот суд на таа земја. Лисабонскиот договор беше потпишан пред две години од лидерите на 27 те членки на Унијата и со него му се дава поголема моќ на Европскиот парламент и се креира функцијата претседател на Унијата кој ќе ја преставува на светската сцена.

,,Треба да ставиме ред во нашата куќа во многу работи. Секако најважен е Лисабонскиот договор кој треба да биде ратификуван од сите земји членки со цел Унијата да профункционира со целосен капацитет.,,

Изјави деновиве претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Чешкото претседателство, како што е соопштено во Прага, на самитот ќе настојува да се дојде и до политички договор Баросо да остане на таа функција и во наредниот петгодишен мандат.

,,Јас сум многу посветен европеец. Јас сметам дека е привилегија да се биде претседател на Комисијата. Мислам дека како никогаш досега ни треба силна Европска унија која ќе биде посветена на принципот на социјално пазарна економија.,,
Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо

Изјави Баросо. Лидерите на самитот треба да расправаат и за плановите за тоа како да се надмине економската криза. На масата е итен план од 19 милијарди евра наменети за невработените. Според некои податоци, во моментов во Унијата работа бараат скоро дваесет милиони луѓе. Во областа на надворешната политика евро лидерите се очекува да расправаат за ситацијата во Авганистан и Пакситан, но и за најновите случувања во Иран. Европскиот совет е највисоко политичко тело на Унијата. Вообичаено се сотанува четири пати годишно за да ги одреди приоритетите на Унијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG