Достапни линкови

Во Иран најавени нови протести на приврзаниците на Мусави


Приврзаниците на иранскиот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави за денеска најавија протести во Техеран. На нивната интернет страница се наведува дека била побара дозвола од полицијата за одржување на протестот со кој би требало да им се одаде почит на оние што биле убиени за време на демонстрациите по изборите. На денешниот протест треба да учествува и поранешниот претседател Мохамед Хатами. На вчерашниот протест во Техеран учествувале, според некои проценки, над сто илјади луѓе. Мусави повторно побара поништување на изборите на кои победи Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG