Достапни линкови

Привремени дополнителни НАТО сили во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер изјави дека меѓу 8 илјади и 10 илјади војници привремено ќе им се придружат на НАТО силите во Авганистан за да помогнат во одржувањето на претстојните избори во таа земја. Схефер вчера престојуваше во проштална посета на Кабул како генерален секретар на НАТО. Тој се сретна со претседателот Хамид Карзаи кој на изборите на 20 ти август ќе се обиде да добие уште еден мандат.
XS
SM
MD
LG