Достапни линкови

Советот за безбедност ја пофали улогата на УНМИК


Земјите членки на Советот за безбедност на ОН на седницата посветена на Косово, ја пофалиле улогата која ја има мисијата на ОН- УНМИК за безбедноста на земјата. Тие ги поздравиле напорите на мисијата за враќањето на раселените лица, но укажале на тоа дека сепак бројот на повратниците е мал.Членовите изразиле загриженост поради тензиите присутни на северот од Косово. Иако косовските власти побараа мисијата на УНМИК да се укине, според рускиот амбасадор, сеуште не е дојдено време за тоа.
XS
SM
MD
LG