Достапни линкови

Расистички напади врз романски Роми во Северна Ирска


Повеќе од 100 романски Роми што живеат во Северна Ирска ги напуштиле нивните домови во јужен Белфаст, по серијата оружени напади врз нив, и се засолниле во колективни центри, пренесуваат агенциите. Според Асошиејтед прес, станува збор за расистички мотивирани напади, со кои уште еднаш се покажува дека постои отпор против доселениците. Напаѓачите им ги кршеле прозорците на куќите, се заканувале, уништувале автомобили. Романското министерство за надворешни работи ги осудува нападите и ги повикува Британските власти да преземат мерки за да се избегне натамошно расистичко дивеење.
XS
SM
MD
LG