Достапни линкови

logo-print

Газпром бара пари од Белорусија


Рускиот енергетски монопол Газпром бара 230 милиони американски долари од белоруската компанија Белтрансгас. Портпарол од рускиот Газпром изјави дека компанијата сака да ги наплати побарувањата за испорачан гас во периодот од Јануари до Април годинава. Дваесет отсто од рускиот гас наменет за Европа поминува низ Белорусија. Инаку, односите меѓу Русија и Белорусија се напнати во изминативе две недели, по Руската забрана за увоз на повеќе од 200 вида белоруски млечни производи.
XS
SM
MD
LG