Достапни линкови

Кацин: Проблемот со името ја блокира Македонија


Словенечкиот европратеник Јелко Кацин
Словенечкиот европратеник Јелко Кацин

Словенечкиот европратеник Јелко Кацин, кој важи за подржувач и лобист за Македонија, порачува дека решавањето на името е важно за да се деблокираат македонските евроинтеграциски процеси. Тој исто така вели дека Македонија ги исполнила условите и до крајот на годинава треба да добие укинување на визите.

Словенечкиот пратеник Јелко Кацин по втор пат ќе седи во Европскиот парламент. Во предходниот мандат на европарламентот, тој припаѓаше на лоби групата од неколку земји што ја поддржуваше македонската европска агенда. Во неколку наврати овој словенечки политичар на властите во Скопје им порачуваше дека решавањето на спорот со името е важен предуслов не само за членство во НАТО туку и за ЕУ. Го запрашавме дали Западен Балкан ќе биде еден од приоритетите на новиот Европски парламент.

,,Што се однесува на Западен Балкан, секоја земја самата ја крои својата судбина и својата иднина. Од друга страна, ние се уште го
Од друга страна, што се однесува на Македонија и нејзиното име тука мораме да дојде до некаков компромис. Тука во моментов работите стојат во место. Но мислам дека поради некои позитивни случувања пред се тоа што Македонија има нов Претседател би можело да се очекува некаква нова иницијатива за компромис
немаме потврдено Лисабонскиот договор кој би требало формално да го овозможи проширување на ЕУ со земји од Западен Балкан."

Какви се шансите за интеграција на Македонија во европските структури?

,,Во овој момент мислам дека е најважна најавата за укинување на визите за македонските граѓани. Од друга страна, што се однесува на Македонија и нејзиното име тука мораме да дојде до некаков компромис со помош на посредство на Обединетите Нации. Тука во моментов работите стојат во место. Но мислам дека поради некои позитивни случувања пред се тоа што Македонија има нов Претседател би можело да се очекува некаква нова иницијатива за компромис."

Дали има одреден период до кога треба конечно да се затвори прашањето околу името?

,,Прашањето за името ја блокира Македонија повеќе од три години и затоа би било добро да се изнајде решение што е можно поскоро со што ќе се овозможи деблокада и почеток на преговори."

Доколку има конкретен предлог за разрешување на спорот околу името македонскиот државен врв најавува референдум за името. Што мислите околу потегот референдум по секоја цена?

,,Јас мислам дека референдумот во овој момент е непотребна компликација затоа што ако македонската страна опстои на ставот за референдум тогаш би можело и грчката страна да се одлучи на референдум и тогаш повторно ќе се вратиме на самиот почеток."

Г-дин Кацин, што би значело доколку преговорите околу името се одолговлечат уште одреден период?
Македонија сигурно треба да добие укинување на визите до крајот на годинава


,,Сега кога во Македонија имаме нова ситуација, нов претседател, тоа да се одработи за неколку месеци со што до Септември би имале некаков компромис и со тоа да се добие датум за преговори уште на предлог на оваа комисија, а не на новата комисија на ЕУ. "

Дали би можело да напаравиме некаква паралела меѓу македонско грчкиот спор и хрватско словенечкиот проблме?

,,Не знам што овие два проблеми имаат заедничко. Хрватска има големи потешкотии на нерешени проблеми, додека Македонија колку што јас знам од нерешени прашања во oвој момент го има само прашањето за името, се друго не може да се споредува. "

Дали до крајот на годинава Македонија заедно со Црна Гора и Србија ќе добие визна либерализација?

,,Македонија ги исполни сите предуслови од својот нацрт за укинување на визите така што Македонија сигурно треба да добие укинување на визите до крајот на годинава."

вели пратеникот во Европскиот парламент Јелко Кацин.
XS
SM
MD
LG