Достапни линкови

Нов пакет мерки за спас на американската економија


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе го обелодени новиот пакет мерки за спас на САД од финансиската криза. Неофицијално, една од мерките предлага затворање на едно и отворање на неколку други регулаторни тела кои ќе ја надгледуваат работата на американските банки и друштвата за управување со фондови. Неименуван владин службеник посочил дека дел од мерките се фокусираат на спречување на каскадниот ефект, со што банкротот на една поголема компанија нема да предизвика макроекономска дестабилизација.
XS
SM
MD
LG