Достапни линкови

Хрватска нема да стане членка на ЕУ до 2011година ?


Хрватска тешко дека ќе може да ги заврши преговорите за присоединување кон ЕУ до крајот на оваа година и да стане членка на ЕУ во 2011 година, изјави шведскиот Министер за надворешни работи Карл Билд, цитиран од новинаската агенција „Хина“. „Тоа е невозможно. Ќе се обидеме да го запазиме распоредот, но неопходно е да се каже дека има извесно отстапување од него“ изјави Билд. Шведска ќе претседава со ЕУ во втората половина на годинава.
XS
SM
MD
LG