Достапни линкови

Нови протести со барање за повторување на претседателските избори


Во Иран и денеска се очекуваат демонстрации поради резултатите од претседателските избори одржани пред пет дена. Приврзаниците на реформистотот Мусави бараат целосно повторување на изборите.

За нови избори е и иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади која во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека доколку дојде до нив тогаш тие би требало да бидат надгледувани од меѓународни посматрачи.

,,Верувам дека пребројувањето на гласовите под сегашните услови нема да реши ништо. Мора да се одржат нови избори и тоа под
Ширин Ебади
меѓународна контрола.,,

Вели Ебади која верува дека иранските власти ќе бидат разумни и ќе ги прифатат барањата на демонстрантите:

,,Најпрвин треба да бидат безусловно ослободени сите затворени. Зошто властите апсат? Само затоа што на мирен начин го искажуваат своето несогласување.,,
Не е продуктивно, со оглед на историјата на американско, иранските односи, американскиот претседател да се меша во иранските избори ...



Изјави нобеловката Ширин Ебади во интервјуто за Радио Слободна Европа. Вчера во Техеран, ден откако беа убиени седуммина демонстранти, на протести излегоа и опозиционите и провладините приврзаници. Властите им забранија на странските новинари да ги напуштаат нивните канцеларии поради што, како што јавуваат агенциите, било се потешко да се следат настаните во Иран. Стејт департментот веќе побара од интернет страницата за испраќање кратки пораки Твитер да го одложи планираниот прекин за да и овозможи на иранската опозиција да ја корсити таа комуникација со светот. Во меѓувреме, претседателот Барак Обама, изразувајќи загриженост од настаните во Иран, изјави дека сепак не би било добро доколку во нив се вмешаат и Соединетите држави:

,,Не е продуктивно, со оглед на историјата на американско, иранските односи, американскиот претседател да се меша во иранските избори.,,


Претседателот Обама во интервју за американската телевизија Си Ен Би Си изјави дека постојат мали разлики во политиките на Ахмадинеџад и на Мусави. Без оглед кој ќе биде претседател останува нашиот долгорочен интерес да спречиме Иран да дојде до нуклеарно оружје и да ги поддржува екстремните Хизболах и Хамас, изјави Обама. Во тоа се согласува и републиканскиот сенатор Џон Меккејн кој за Радио Слободна Европа изјави дека Соединетите држави мора да останат симбол на надеж за иранскиот народ:

,,Мислам дека би било убаво да се ангажираме кај иранската влада, но фундаменталниот принцип на американската надворешна политика е да бара слободни и фер избори на кои луѓето ќе ги остварат своите права. Тоа треба да биде приоритет и за Обама.,,

Изјави, меѓу другото, американскиот сенатор Џон Мекејн во интервју за Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG