Достапни линкови

Македонските ракометари „остануваат дома“


Пет месеци по постигнувањето на најголемите успеси, македонските ракометари и ракометарки не успеаја да изборат пласман на женското СП и машкото ЕП. Според стручњаците за успеси потребна е работа по европски терк

Само пет месеци по постигнувањето на најголемите успеси, македонскиот репрезентативен ракомет е повторно на почеток. Скоро и да не успеавме доволно да им се израдуваме на седмото место од женското Европско првенство и на 11-тата позиција од машкиот
Пред мечот со Австрија, девојките се одлучија да штрајкуваат, мислам дека сите сме виновни тука и играчи и тренери и раководство на репрезентацијата и новинари. Требаше да се направи една конструктивна критика бидејќи недопустливо е тоа да се случува на десетина дена пред натпреварот со Австрија
Мундијал, а овие наши селекции ќе ги пропуштат наредните две големи натпреварувања. Во баражот за женското СП, загубивме од Австрија, а иако се уште не и теоретски јасно е дека нема да бидеме дел ниту од машкото Еуро. Непријатна реалност која го наметнува прашањето зошто дојдовме во ваква ситуација?

Според првите луѓе во Федерацијата, поради судиски неправди и неспортски однос на ривалите. Сепак, според пообјективните проблемот треба да се побара и во нашите редови. Па, кога станува збор за ракометарките…

„Пред мечот со Австрија, девојките се одлучија да штрајкуваат, мислам дека сите сме виновни тука и играчи и тренери и раководство на репрезентацијата и новинари. Требаше да се направи една конструктивна критика бидејќи недопустливо е тоа да се случува на десетина дена пред натпреварот со Австрија, да се прави штрајк, имајќи предвид дека тоа е сепак репрезентација дека нема континуитет во играње. И се виде дека и тактички и псхички не можевме да се носиме со притисокот што значи бараж.“

изјави поранешниот селектор Љубомир Савевски, кој не пропушта да каже дека падот на женскиот ракомет е резултат и на хаосот во екс европскиот првак Ѓорче Петров. Мажите пак, ја платија цената на македонскиот синдром на самоуништување, т.е. на поделбите по успехот во Хрватска, по кој многумина се почувствуваа недопирливи.

„Повеќето се однесуваа како филмски ѕвезди. Заслужија честитки и добија добри награди од Владата на Република Македонија, но се појави недисциплина, се појави егоизам и самозадоволство и отидовме со една Естонија која играше со
Треба конечно да се работи по европски терк, да се копира тренажниот процес, да се учи затоа што мислам дека сме далеку зад Европа во однос на физичката подготвеност
младински тим да ги изгубиме шансите. Фактички тука почна проблемот, кога ќе се разбие единството на екипата и дисциплината, почнува и распадот на системот,“

додаде Савевски.

Тој, сепак, верува дека во блиска иднина ќе се вратиме на големата сцена, за што е потребна стратегија. А, за таа да профункционира, мора да се почитува зборот на стручните лица и:

„Еден селектор конечно да има договор две години, во кој ќе одговара за работата што ја работи. Сите селектори до сега беа за една употреба. Во сите селекции селекторот има две годишен или четири годишен договор. Треба конечно да се работи по европски терк, да се копира тренажниот процес, да се учи затоа што мислам дека сме далеку зад Европа во однос на физичката подготвеност,“

истакна на крајот Љубомир Савевски.
XS
SM
MD
LG