Достапни линкови

logo-print

Уписи во средните училишта во Македонија


Учениците кои завршија осмо одделение денеска и утре ќе се запишуваат во средните училишта во кои има 37.530 слободни места за учебната 2009/2010 година, од кои околу 11.300 се во Скопје. Резултатите ќе бидат објавени на 19 јуни. Во училиштата каде што за упис се полага приемен испит, тој ќе биде одржан на 24 јуни, а резултатите ќе бидат објавени наредниот ден. Вториот уписен рок во средните училишта е закажан за 19 август, а на 20 август училиштата треба да ги објават резултатите од пријавувањето.
XS
SM
MD
LG