Достапни линкови

Де Пуч: Отпочнете вистински дијалог со соседите


Луис Мариа де Пуч, Претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
Луис Мариа де Пуч, Претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Луис Мариа Де Пуч, при посетата на Македонија порача дека земјата заслужува да влезе во ЕУ, но додаде дека е потребно да се демонстира воља за да се решат отворените прашања со соседите. Тој порачува дека треба да се започне со вистински дијалог со соседите.

Македонија заслужува да влезе во Европската унија, како и другите држави од Југоисточна Европа, истакна Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Луис Мариа де Пуч за време на официјалната посета на нашата земја. Македонија досега направила забележителен напредок во спороведување на реформите и тоа е дополнителна причина еднаш засекогаш да се решат нерешените прашања вели Пуч.

,,Не се сомневам дека постои политичка воља кај македонските власти, но исто така и кај Собранието да се спроведуваат тие реформи,
Дозволете ми да ве охрабрам да отпочнете вистински дијалог со сите ваши соседи во однос за прашањата за кои постојат различни погледи. Слушајте го другиот како што посакувате самите да бидете сослушани
туку токму спротивното: Длабоко сум убеден дека македонскиот народ располага со целокупниот демократски капацитет да ја спроведе таа задача."

Патот кон ЕУ е долг и тежок и за да успеете треба сите да застанат на ваша страна. За да се подобрат односите со соседите и да се воспостави договор потребна е пред се волја и трпение од засегнатите страни, за на крајот да се најде заеднички компромис вели Пуч.

,,Дозволете ми да ве охрабрам да отпочнете вистински дијалог со сите ваши соседи во однос за прашањата за кои постојат различни погледи. Слушајте го другиот како што посакувате самите да бидете сослушани. Навистина одбегнувајте одлуки кои што ја зголемуваат тензијата, обидете се да се ставите на местото на вашите соседи за подобро да ги разберете нивние аргументи."

Пуч очекува преговорите за визна либеразлизација да завршат набрзо, бидејќи Македонија во однос на другите земји од Западен Балкан најмногу ги исполнила условите. Ова е голем чекор на вашата земја на патот кон европското семејство, а рушењето на шенгенскиот зид
Не се сомневам дека постои политичка воља да се спроведуваат реформите
особено ќе им користи на младите луѓе вели тој.

,,Затоа што можноста слободно да се патува, пред се за младите за кои што сум убеден дека најмногу ќе го искористат тоа, за да развиваат нови идеи кај своите европски соседи, но исто така да допринесат со сопственото искуство во изградба на нашето утрешно општество."

Пуч во рамките на својот престој на нашата држава се сретна со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, како и со шефот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.


  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG