Достапни линкови

logo-print

Андов ќе ја повлече предлог стратегијата за името


Пратеникот Стојан Андов најави дека ќе ја повлече Предлог-државната стратегија за решавање на разликите со Грција околу името на Република Македонија. Андов ја правда одлуката со немањето политичка волја да биде постигнат консензус и стратегијата да биде едногласно усвоена. „Кога ги гледав сите активности и реакции, како и се што се случуваше вчера, таа крајна несериозност ме убеди дека во овој момент не постои политичка волја и оти работите ќе треба да се одложат за друго време, кога вака сериозен документ ќе биде правилно разбран и искористен“ рече Андов. Тој не сакаше да соопшти детали за тоа од кои причини не бил постигнат консензус за неговиот предлог.
XS
SM
MD
LG