Достапни линкови

Косово значаен пазар за македонската економија


Мапа на Косово

Мапа на Косово

Бизнисот си е бизнис. Тоа што Македонија нема склучено дипломатски односи со Косово не влијае на трговската размена, велат бизнисмените и експертите. Тој пазар е значаен за земјава првин поради близината, а и по тоа што во Косово се навиканати на
Пред и по прогласувањето на независноста немаше импликации во соработката со фирмите, се оди нормално и сите го гледаат интересот во бизнисот
македонски производи, коментираат бизнисмените. „Европа “ фабриката за чоколади и кондиторски производи со години извезува на Косово. Од таму велат дека досега немале пречки во тровската размена.

„Ние имаме многу добар претставник во Косово којшто зема доста од нас, многу сме задоволни од количината што ја извезуваме во Косово.“

И од винаријата „Бовин„ велат дека имаат добри односи со нивните партнери од Косова и дека сега за сега политиката нема влијание врзнивниот бизнис.

„Пред и по прогласувањето на независноста немаше импликации во соработката со фирмите, се оди нормално и сите го гледаат интересот во бизнисот.“

вели Горѓи Тренев.
Во поново време, почнаа да ги двојат, но официјално податоците за Косово не се достапни. Вкупната размена во регионот е во постојан пораст и Македонија остварува суфицит во таа размена


Досега податоците за размената со Косово беа во пакет со Србија и со Црна Гора. Експертите посочуваат дека статистички земјите треба да се раздвојат за да може точно да се види колку Македонија извезува на Косово. Статистиката е важна основа за правење бизнис-стратегии и развојни планови, велат тие.

„Во поново време, почнаа да ги двојат, но официјално податоците за Косово не се достапни. Вкупната размена во регионот е во постојан пораст и Македонија остварува суфицит во таа размена,“

вели професор Ирена Кикеркова.

Во услови на растечки трговски дефицит и глобална економска криза, косовскиот пазар е добра шанса која треба да се искористи, се согласуваат бизнисмените. Македонија е најголем извозник на Косово и учествува со близу 20 проценти во вкупниот увоз. Годишната трговска размена помеѓу Македонија и Косово се движи од 250 до 270 милиони евра. Околу 30% од македонскиот извоз се нафта и нафтени деривати. Извезуваме и цемент, градежни материјали, безалкохолни пијалаци, челични конструкции и обработен тутун, а увезуваме железен отпад, електрични машини и опрема, железни преработки и брашно.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG