Достапни линкови

Буџетската дупка ќе се полни со задолжување


Владина делегација во седиштето на ММФ
Владина делегација во седиштето на ММФ

Во услови на помалку собрани приходи во буџетот, Македонија ќе се задолжува внатрешно и надворешно, со издавање обврзници и задолжување кај Светската Банка. Владата за сега одбива да склучи аранжман со ММФ

Дупката што се појавува во буџетот ќе се пополнува со задолжување кај Светската банка. Во услови на помалку собрани приходи, министерот за финансии Трајко Славески бара заем од Светска банка, со кој земјава од банката ќе позајми 40 милиони долари. Се уште,
Некаде на есен ќе мора да направи ребаланс на буџетот бидејќи овој буџет не може да одговори на барањата кои ги поставува глобалната економска криза
не е предвидено за што, конкретно, ќе се наменат овие пари, велат во Министерството за финансии.

Владата ќе се задолжи 200 милиони евра и од издавање државни еврообврзници. Пред десетина дека, со последниот ребаланс, Владата го намали буџетот за околу 165 милиони евра. И покрај зголеменииот притисок од дел од стручната јавност, државата за сега одбива да склучи аранжман со ММФ, кој дава пониски камати на кредитите. Во министерството за финансиии велат дека аранжман со ММФ е можен на есен, ако ситуацијата продолжи да се влошува. Тие сепак се оптимисти дека економската состојба во земјава почнува да се поправа. Економистот Маријан Николов од Центарот за економски анализи претпоставува дека, до крај на годинава, Владата сепак ќе склучи аранжман со ММФ.

„Некаде на есен ќе мора да направи ребаланс на буџетот бидејќи овој буџет не може да одговори на барањата кои ги поставува глобалната економска криза. Таа и натаму ќе се продлабочува, па дури и да има некое подобрување на глобално ниво, сепак има
Ребалансот е нормална работа ако се случат работи кои не сте ги планирале, но ако сте знаеле дека ќе има криза, и ако знаете дека волуменот на буџетот којшто сте го планирале не може да се оствари, како и макроекономските претпоставки кои стојат во тој буџет, тогаш не мислам дека ребалансот на буџетот е нормален инструмент во јавните финансии
временско доцнење од шест месеци пред добрите вести да почнат да стигнуваат во Република Македонија.“

Аранжманот со ММФ значи отворени врати и за други меѓународни финансиски институции, пред се, поради пониските камати, вели Николов.

Професор Петрит Положани вели дека подобро решение е да се намалат расходите за непродуктивни објекти, наместо да продолжи задолжувањето.

„На пример, имаме дел на скратување на спортските објекти, на стадионот во Скопје, тие инфраструктурни објекти кои не се продуктивни и носат само терет на економијата.“

Во Министерството за финансии не ја исклучуваат можноста, кон крајот на годинава, да направат уште еден ребаланс, ако не успеат да ги соберат планираните приходи. Николов вели дека на ребалансот во последно време се гледа како нормална практика, но тоа не секогаш е добар инструмент. Тоа може да биде резултат на лошо планирање, на политикантство или на калкулирање поради избори, вели економистот Маријан Николов.

„Не би бил радосен кога би слушнал дека најнормална работа било да има ребаланс на буџетот. Тоа е нормална работа ако се случат работи кои не сте ги планирале, но ако сте знаеле дека ќе има криза, и ако знаете дека волуменот на буџетот којшто сте го планирале не може да се оствари, како и макроекономските претпоставки кои стојат во тој буџет, тогаш не мислам дека ребалансот на буџетот е нормален инструмент во јавните финансии.“

Опозицијата и дел од економистите, при последниот ребаланс, побараа владата уште повеќе да ги намали непродуктивните расходи, наместо да се задолжува.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG