Достапни линкови

Северна Македонија за компромис?


Консултации на државниот врв за името
Консултации на државниот врв за името

Во јавноста се почести се изјавите дека терминот Северна Македонија е опција за можен компромис. Според аналитичарите, важни се деталите околу опсегот на упореба на името

По се позачестените изјави дека терминот Северна Македонија, последниот предлог на медијаторот Нимиц, би бил една од опциите за можен компромис, аналитичарите велат дека билтералниот спор поврзан со името нема да се реши ако Грција продолжи да инсистира
Ако Грција го одбие предлогот Северна Македонија, под претпоставка ние да го прифатиме, ќе биде јасно дека преговорите не се само за името, туку и за прашања кои врзуваат идентитет и јазик и Грција на еден начин мислам дека би загубила во тој случај
опсегот на преговорите да го прошири во делот на јазикот и идентитетот како досега, што како позиција за нас е неприфатливо.

„Ако Грција го одбие предлогот Северна Македонија, под претпоставка ние да го прифатиме, ќе биде јасно дека преговорите не се само за името, туку и за прашања кои врзуваат идентитет и јазик и Грција на еден начин мислам дека би загубила во тој случај, затоа што мислам дека притисокот ќе се засили врз неа. Но, тоа многу нема да промени во однос на преговорите, во однос на тоа каде сме сега. Тогаш мислам дека нејзината позиција ќе ослабне, но таа може да си го дозволи тоа.“

вели Емил Атансосвки .

Нашите позиции во преговорите одат во правец дека било какви преговори кои ке одат во правец на менување на нашето уставно име, менување на уставот и било кои прашања кои допираат јазикот и идентитетот за нас се неприафтливи. Според Атансовски ако Грција сака да има преговори ке мора да прифати предлог кој овие работи не ги опфака а во спротивно се друго би претствувало празен од. За аналитичарот Мерсал Биљали она што е проблематично се деатлите околу нивото на употреба на името.

„Прашање е кое е нивото, дали е само билатералата, или треба да се смени уставот.“

Исто така отврено прашање е дали Грција ке преговара со интезинтет бидејки ситуацијата е таква што кај таму се можни предвремни избори, додава Атанасовски. Она што ке се случува во наредниот период во многу ке зависи и од влијанието на мегуанродната
Прашање е кое е нивото, дали е само билатералата, или треба да се смени уставот
заедница, забележува Биљали .

„Тоа значи ќе проработи понатаму тајната и полутајната дипломатија и ќе вршат притисок врз нив да го прифатат тоа.“

Во меѓувреме по се позачестените пробни изјави дека Северна Македонија, последниот предлог на Нимиц, би била една од опциите за можен компромис, деновиви за првпат дел од лугето од кабинетот на претсеадтелот Иванов излегоа со предлог Република Македонија ( Вардар ) како пореален, но од владечката партија тоа беше коемнтиарно како личен став. Наосиките во преговорите треба да се дефинираат и во стратегијата за името. Вчера оваа стртегија не беше усвона, а како проблем се поајви дополниетлниот амандманот на Нова демократија, со барање гаранции освен за идентитетот и за мултиетничноста на државата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG