Достапни линкови

logo-print

Македонско косовски трговски разговори


Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе престојува во еднодневна посета на Косово на покана на претседателот на Стопанската комора на Косово, Бесим Беќај со цел да се разгледа состојбата со падот на трговската размена меѓу двете земји. Според податоците од Косовскиот завод за статистика, во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани во трговската размена на Косово со Македонија забележан е пад на македонскиот извоз за 29,1 отсто и увоз од Косово за 9 отсто.
XS
SM
MD
LG